Одбележување 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина

Од:

Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ денеска во Панчево ќе биде одржана Свечена академија на која обраќања ќе имаат претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ.

Иванов и Николиќ пред Управната зграда во овој град ќе засадат „Дрво на пријателството“ и ќе биде потпишан протокол за збратимување на општина Македонски Брод и месната заедница Јабука.

Потоа претставниците на двете држави ќе ја посетат изложбата на уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски и ќе биде приредена богата културно-уметничка програма.

Македонскиот претседател е во дводневна работна посета на Белград, каде оствари средби со неговиот домаќин Николиќ и со српскиот премиер Вучиќ, а учествуваше и на Македонско-српски бизнис форум.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград