Одбележани 72 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција

Од:

Во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, денеска беа одбележани 72 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Во организација на „Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т га за југ“ им беше оддадена почит на загинатите борци кои го дадоа својот живот и се одбележаа 35 години од формирањето на ова здружение.

На одбележувањето присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, советникот во Владата Милан Живковиќ, ченови на Здружението од сите градови, ученици од основните училишта…

Шилегов истакна дека е многу важно да учиме од нашата историја и порача да се чува ова дело.

– Да не дозвилиме децата да ја имаат судбината на нашите дедовци. Затоа секогаш треба да бидеме посветени, со сериозни анализи, опфати и планирања кои се потезите кои ги влечеме во македонската политика. Во Град Скопје креираме политики каде секој човек ни е важен и креираме политики да бидат инклузивни граѓаните. Секогаш да имаме подадена рака и таа секогаш да биде полна со луѓе затоа што само со луѓето можеш да живееш, изјави Шилегов. Додаде дека ќе остават здрава држава и здрав град.

Градоначалникот Богдановиќ порача да се градат мостови и пријателства за да не се повторуваат настани како што се случувале во минатото.

Настапија и наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“. Наградата го носи името на Доневски, кој е еден од иницијаторите да се формира здружението и да се направи Споменикот на децата бегалци во 1988 година. Во негова чест и за да не се заборави културата, уметноста, историјата и голготата на еден народ, во март годинава Здружението распиша конкурс за сите основни училишта. Децата глумеа, пееја, цртаа и пишуваа, а наградените ученици ќе добијат таблети.

Присутните положија цвеќе пред Споменикот на децата бегалци. За него со години се грижеше Здружението на децата бегалци од Скопје, а од денеска грижата за споменикот ја преземаат Град Скопје и Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија со канцерогени материи

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Од 15 институции надлежни за загадувањето, само ние реагираме

Катерина Ѓуровски

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Тодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје