Одбележани 20 години од загинувањето на армиските припадници кај Љуботенски Бачила

Од:

Делегации на Владата предводени од државните секретари на министерствата за одбрана и внатрешни работи Драган Николиќ и Магдалена Несторовска денеска положија свежо цвеќе на неколку локации по повод 20 години од загинувањето на осум припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

Владините делегации оддадоа почит и положија цвеќе пред спомен обележјата во Општина Ѓорче Петров, с. Волково, с. Љубанци и касарната Илинден.

Венци цвеќе положија и почит кон загинатите оддадоа припадници на Армијата и полицијата, претставници на локалната власт и блиски и членови на семејствата.

На 10 август 2001 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Би можело да ве интересира

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Министерката Петровска положи венец цвеќе во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски Бачила

Делегациja од Кабинетот на претседателот им оддаде почит на армиските резервисти кои загинаа кај Љуботенски бачила

Дваесет и две години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Делегации од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила