Одбележaни 15 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија, претставници од кабинетот на претседателот државата и од Министерството за одбрана денеска по повод одбележување 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила положи цвеќе пред Споменикот на загинатите во село Љубанци.

Цвеќе пред споменикот положија и семејствата на загинатите, претставници на АРМ, преживеаните соборци, градоначалникот Петре Латиновски и жители од општина Бутел, како и претставници од здруженијата на ветерани, херои и бранители на Македонија.

Градоначалникот Латиновски, рече дека Македонија вечно ќе им биде благодарна и никогаш нема да ги заборави младите борци кои го дадоа животот за татковината и порача никогаш да не се заборават, но и никогаш да не се повтори.

Во чест на осуммината загинатите борци беше одржана панихида, а присутните со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во поплавите во Скопје.

Семејствата на загинатите борци, исто така, побараа и поголема поддршка од државата.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција заплени тутун во Љуботен, градоначалникот ги брани жителите

Кристијан Ландов

На 19 декември пресуда за отштета на семејството на еден од убиените во 2001

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев од Љуботен: Само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите

Наум Локоски

Притвор за осомничениот за убиство на жената пронајдена по пожарот во село Љуботен

Наум Локоски

МВР ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителите кои ги оштетија гробишатата во Љуботен

Наум Локоски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор на кого му пречат православните гробишта во Љуботен

Наум Локоски