Одбележани 145 години од раѓањето на Даме Груев

Од:

Делегации од урбаната заедница Даме Груев и од општина Ѓорче Петров, предводена од градоначалникот Сокол Митровски денеска положија цвеќе пред бистата на македонскиот револуционер Даме Груев. Со тоа беа одбележани 145 години од неговото раѓање.

– Изминаа 145 години од раѓањето на еден од најголемите македонски синови, борци за македонската кауза, претставник на една генерација која цел свој живот го посвети на борбата за осамостојување на нашата држава и нејзино ослободување од туѓите јареми, рече Митровски.

Според него, сите великани на македонската револуционерна борба за национално ослободување треба да ни бидат пример како треба да се сака татковината.

Би можело да ве интересира

Македонско-бугарска интернет војна на „Википедија“ за Гоце, Даме и Сандански

Мери Јордановска

Одбележани 110 години од загинувањето на Даме Груев

Ана Ололовска

Одбележување 110 години од смртта на Даме Груев

Ана Ололовска