Одбележана Неделата на грижа за стари лица во Крива Паланка

Од:

Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка со низа активности ја одбележа Неделата на грижа за стари лица која се одбележува од 21 до 27 ноември.

– Извршено е мерење на шеќер во крв и мерење на крвен притисок на педесет стари лица од општината од страна на нашите волонтери-медицински лица. Мерењето на овие два параметра е овозможено од ЕВН-Македонија, а пред пензионерките од градот беше презентирано и промотивното видео изработено од Црвен крст на Македонија со поддршка на Австриски Црвен крст. Видеото е посветено на неделата на стари лица кое ја пренесува јасната порака на годинашното мото – „Сите сме нивни деца“, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.

Организирана е и работилница за клубот на пензионерки кој функционира во кривопаланечката организација на Црвен ксрт – „Достоинствен живот“.

– На оваа работилница беа презентирани правата на старите лица, од наследно право, здравствено, социјално право и други. Истовремено, 28 членки на клубот беа активно вклучени во општинската манифестација „Кривопаланечка еко-храна“ за која беа ангажирани во подготовка и презентација на традиционални специјалитети од овој крај, додаде Пешовски.

Би можело да ве интересира

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

А1он

Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството

Ана Ололовска

Недела на грижа за стари лица

Ана Ололовска

Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица

Ана Ололовска

Саити: До 2050 во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението

Ана Ололовска

Царовска на одбележување на Неделата за грижа за стари лица „Сите сме нивни деца“

Ана Ололовска