Одбележана манастирската слава на „Св.Георгиј Победоносец“ во село Рајчица

Од:

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец” во дебарското село Рајчица го одбележа Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден.

Покрај студеното време невообичаено за овој период од годината, на одбележувањето присуствуваа голем број верници од повеќе градови од државава, како и поранешни жители на Рајчица и нивни потомци.

– Оваа манастриска слава е поврзана со денот кога пред седумнаесет години почна возобновувањето на конаците. Симболиката на тој ден беше уште поголема бидејќи според преданието, токму на Крстовден биле поставени темелите на старите манатирски конаци, вели Отец Кирил.

Одржана беше архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополит Дебарско-кичевски, г.Тимотеј во сослужение со Архимандрит Партениј, Бигорското братство и сестринството на манастирот во Рајчица.

На крајот од службата од светиот Престол, од олтарот беше изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се наоѓа крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на чесниот и животворен крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир.

По чинот на Воздвижението на крстот, на верниците им се даде можност да се поклонат пред живоносното и спасително дрво на Господ Исус Христос.

– Воздвижението на чесниот и животворен крст е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското општество кое опстојува низ вековите благодарение на непобедливата сила на крстот, празник чија благодатна утеха ги поткрепува сите христијани, Поради тоа за нас како семејство овој празник е од посебно значење.Посакувам добро за сите,благоостојба,мир и опстојување на Христовата вера, рече годинешната кума, Лилјана Тодоровска од Скопје.

По архиерејската литургија во дворот на манастрот беше осветен славскиот колач и вода од кои верниците добија за здравје.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението