А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележана годишнина од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битола

by А1он13/03/2018 - 13:42132
Share0

Претставници на генералштабoвите на армиите на Република Македонија и Република Турција, воени кадети од Турција, амбасадорот и конзулот на Република Турција, претставници на здруженија за македонско-турско пријателство и на јавниот живот во Битола, ја одбележаа годишнината од дипломирањето на основачот на модерната Република Турција, големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Добивај вести на вибер

Годинешната прослава беше фокусирана на историската и безвременска мисла на Ататурк „Мир во земјата, мир во светот“, која според Мухамет Рацај, заменик началник на генералштабот на Република Македонија е со универзална вредност.

-Битола, Воената Гимназија и државникот Ататурк се мостовите на пријателство кои денес во нашето современо живеење Република Македонија и Република Турција ги одржуваат и надградуваат. Пријателските односи меѓу двете држави се отсликуваат и преку соработката на двете армии и оружените сили, а добиените донации и овозможените обуки за припадниците на АРМ се само еден сегмент од нераскинливата поврзаност меѓу двете држави. Пораката што Кемал Ататурк ја искажа пред едно столетие „Мир во земјата, мир во светот“ има универзална вредност и станува безвременска и неограничена, нагласи Рацај.

Неговата порака, потенцира, денес е преточена во заложбите за придонес кон локалниот мир и безбедност, и на патот кон остварување на тие заложби Република Македонија цврсто чекори кон рамноправното партнерство со НАТО и како свој голем сојузник ја има Република Турција.

– Потврда за тоа е задничкиот придонес на АРМ и оружените сили на Република Турција во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан“. Кемал Ататурк со својот животен пат и дело сите нас не задолжи да продолжиме и да ги негуваме вредностите од модерното општество, општество за кое тој се бореше и го градеше, рече Рацај.

На свеченоста во Битола, претставникот на Генералштабот на армијата Република Турција, Нерим Битлислиоглу потсети на заедничката историја на двете држави, сегашноста и иднината.

– Македонија е земја каде што Ататурк го завршил гимназиското образование, но Македонија е и земја од каде што потекнуваат голем број на команданти и државници што учествувале во ослободителната војна и во основањето на Република Турција, и затоа има посебно место во турското културно секојдневие, истакна бригадниот генерал Битлислиоглу..

Воената гимназија во Битола, според него, имала големо значење во развојот на Ататурк во голем лидер кој војувал на разни фронтови за да на крај го круниса своето дело со основање на Република Турција. Тргнувајќи од најголемиот идеал на Мустафа Кемал Ататурк, мир во земјата – мир во светот, нашата најголема желба, потенцира тој, е пријателските односи меѓу Република Турција и Република Македонија да продолжат да се развиваат во нагорна линија.

Амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара на свеченоста во Битола во своето обраќање до аудиториумот нагласи дека Градот на конзулите претставува културен мозаик што ги соединува луѓето од сите страни на светот.

– Градот Битола и цела Македонија во себе го содржи тој мозаик и претставува место каде што различни култури живеат во кохезија. Зачувувањето на стабилноста и просперитетот на Македонија како огледало на Балканот е од големо значење за нашата земја, која од секогаш се грижи за заедничките историски и културни врски и затоа, уште еднаш ќе потврдам дека како пријателски и братски земји со Македонија секогаш ќе бидеме рамо до рамо за да чекориме кон мирна и просперитетна иднина, рече амбасадорката Еркал Кара.

Годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битолската Воена Гимназија гостите од Турција ја одбележаа и со посета на Спомен собата на Ататурк во НУ Завод и Музеј.

bitola

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Горан Наумовски21/11/2025 - 21:38

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:07

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Горан Наумовски16/10/2025 - 15:10

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

Горан Наумовски15/10/2025 - 12:19

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски14/10/2025 - 21:2514/10/2025 - 21:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен