Одбележана 7-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски заедно со делегации од Министерството и Генералштабот на АРМ положија венци со цвеќе кај катлановско Блаце, со што беше одбележана седумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија.

На спомен обележјето цвеќе положија и делегации на Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада, претставници на локалната самоуправа, како и членови на семејствата на загинатите припадници на АРМ.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он