Одбележан Светскиот ден на водата

Од:

Институтот за јавно здравје денеска со повеќе активности во Градскиот парк го одбележа Светскиот ден на водата 22 Март, за кој пораката на Обединетите нации е „Без вода нема развој“.

Република Македонија е во групата земји во светот со многу висок пристап до безбедна вода за пиење. Во 2014 година пристап имале 97 проценти од населението во државата, наспроти 95 отсто во 2010.

Д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје изјави дека според нивниот мониторинг во изминатите години во Македонија не се регистрирани болести што потекнуваат од водата.

– Проблемни се јавуваат само во села каде не стопанисуваат јавни комунални претпријатија. Таму има појава на бактериолошки неисправни води, понекогаш и физичко-хемиски, но тоа не е голем процент, рече Кочубовски.

Во Извештајот за квалитетот на водата за пиење во Република Македонија за 2014 година на Институт се посочува дека 1,3 милиони жители т.е 63,1 проценти од популацијата во државата се снабдува со вода за пиење од централни водоснабдителни системи, управувани од јавни комунални претпријатија кои ги исполнуваат законските обврски во однос на обезбедување и контрола на здравствената исправност на водата за пиење. Останатите 10,34% се приклучени на градски водоводи, 22,7% во селските населби се снабдуваат од локални јавни водоснабдителни системи, со кои не стопанисува секогаш јавно претпријатие, а 3,86% од локални водоснабдителни објекти (јавни чешми, бунари, извори, пумпи и други индивидуални водоснабдителни објекти).

Светскиот ден на водата во Македонија беше одбележан по шести пат во организација на Институтот за јавно здравје, во соработка со Кат продукција и компании-производители на пакувана вода. Учествуваа и деца од креативниот центар „Ѕвезда“ кои на ликовна работилница твореа на тема „Вода“.

Беа поделени и летоци со податоци за состојбата со безбедна вода за пиење во светски размери и корисни и едукативни информации за значењето на водата за здравјето на луѓето, а пораката за значењето на водата беше пратена и од перформансот „Да се грижиме за иднината, да се грижиме за водата“.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила

Одбележан Светскиот ден на водата

Од:

Под мотото „Соработувај за безбедна вода“ денеска се одбележува Светскиот ден на водата – 17 март. На овогодинешното одбележување акцент се става на значењето на соработката во управувањето на ограничените ресурси на вода во светот.

– Светската здравствена организација, квалитетот на водата за пиење го категоризира во дванаесетте основни показатели на здравствената состојба на жителите на една земја, со што се потврдува нејзината значајна улога во заштитата и унапредувањето на здравјето.

– Годинава целта на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, освен пораката што ја носи Светскиот ден на водата, е отворање нови канали на комуникација и соработка за управување со водите во светот кој сé повеќе ги зголемува барањата за достапност, алокација и одржување на изворите на слатка вода. Затоа апелирам до граѓаните да ја чуваме водата за генерациите кои доаѓаат, истакна Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје на Република Македонија.

Од 1993 година, светот го одбележува 22 март како ден посветен на значењето на водата, со цел  да се подигне јавната свест за оддржување на безбедноста на слатката вода, како и оддржливо управување со изворите на водата за пиење.

Декадата 2005-2015 година се одбележува под слоганот “Вода за живот”. Оваа година одбележувањето на Светскиот ден на водата во Македонија се одвива во координација со Националната Канцеларија на УНЕСКО.

– Овој ден, всушност, е повик за акција на целото човештво дека сите мора да се здружиме и заедно да работиме за заштита, обнова и подобро управување со природните ресурси со цел да обезбедиме чиста вода, а со тоа и храна за секој граѓанин на светот, сега и во иднина, рече Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната канцеларија на УНЕСКО во Република Македонија.

Дел од денешната манифестација беа и македонските производители на пакувана вода кои се претставија со свои штандови. Волонтерите на Црвениот крст за времетраењето на настанот дистрибуираа вода до случајните минувачи во населбата  Аеродром.

Програмата содржински беше збогатена со учество на жонглери и музички настапи, како и претставување на уметнички дела на учениците од сите основни училишта во општина Аеродром на тема „Соработувај за безбедна вода“.

Институтот за јавно здравје на РМ по повод овој ден, а во име на значењето на водата за оддржување на доброто здравје, заедно со претставникот на УНЕСКО и производителите на пакувана вода како партнери донираа пакети вода во пензионерскиот дом во населба Аеродром.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила