Одбележан Светскиот ден на крводарителите

Од:

По повод Светскиот ден на крводарителите – 14 јуни, денеска  беше отворен оддел за прибирање крв од доброволни дарители во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Во крводарителската акција учествуваше и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, како и повеќе  спортисти и естрадни уметници.

– Овие се денови во кои вообичаено се прави промоција и поттикнување за одбележување на позитивните вредности. Во таа смисла Црвениот крст на Македонија во соработка со Институтот за трансфузиологија и СЗО денеска го одбележува денот корестејќи ги сите механизми да ги промовира сите вредности кои ги носи дарувањето на крв, истакна генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески нагласи дека Агенцијата активно е вклучена во одбележувањето на денот на крводарителите и упати порака до младите од Македонија да бидат хумани-да даруваат крв.

– Агенцијата пред два месеца со Црвениот крст потпиша меморандим за соработка каде го дефиниравме насоките во делот на промоција на хуманитарните и превентивни активности како и волонтерските активности. Драго ми е што денеска голем број на млади луѓе го следат примерот на спортостите од Македонија кои даруваат крв, истакна Спасески.

Директорката на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова потсети дека на сите дарители на крв им се испитува крвната слика, како што кажа, пред се, за здравјето на дарителот како и за здравјето на пациентите. Минатата година, посочи директорката, собрани се 55.000 единици крв од кои како преработени компоненти на крвта добиле 50.000 еритроцити, 25.000 тромбоцити и 6.5 тони плазма.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска