Одбележан Светскиот ден на хемофилијата

Од:

Возрасните хемофиличари кои имаат деформитет на своите зглобови (колено, лакт…) да примаат профилакса (редовна терапија со коагулациските фактори за да се спречи крварењето), затоа што ќе им биде полесен животот, бара Здружението за хемофиличари на Македонија „Различни, а сепак еднакви“.

Претседателот на Здружението на хемофиличарите на Македонија, Лилјана Рајчевска на одбележувањето на 17 април, Светски ден на хемофилијата, рече дека децата со хемофилија се на профилакса, што е голема предност.

– Добиваат профилакса на секој втор, трет ден фактор за коагулација и можат понормално да живеат. Од тие со мајорна форма на хемофилија, 70 отсто се инвалиди и кога би имале профилакса би им бил полесен животот. На возраст до 26 години, хемофиличарите се во група на деца со посебни потреби, а после 26 година тоа се укинува, немаме туѓа нега и помош. Би сакала Министерството за труд и социјална политика да го разгледа нашиот проблем, кој здравствено е многу поголем за лицата над 26 години, отколку за лицата на возраст до 26 години, истакна Рајчевска.

Од Здружението посочуваат дека профилаксата, иако не може да ја врати функцијата на зглобовите кои се веќе оштетени, со неа ќе се намали фреквенцијата на крварење, може да ја забави прогресијата на оштетувања и да се подобри квалитетот на животот.

Во Република Македонија има 320 хемофиличари, а првиот случај е регистриран во 1956 година.

Би можело да ве интересира

САД го одобрија најскапиот лек на светот, една доза чини 3,5 милиони долари

Лицата со хемофилија ќе добијат нов лек против континуирана профилакса

А1он

Светски ден на хемофилија

Ана Ололовска

Во Македонија 320 болни од хемофилија, бараат да имаат редовна терапија

Ана Ололовска

Хемофиличарите ќе го одбележат светскиот ден со апел за подобар третман

Ана Ололовска

Здружението Хемо – Вил Илинден го одбележа Светскиот ден за хемофилија

Ана Ололовска