Одбележан празникот Света Петка во црквата во скопско Црниче

Од:

Со свечена литургија со која чиноначалствуваше неговото блаженство г.г. Стефан денеска се одбележа празникот Св. Петка, која е заштитник на светиот храм во населбата Црниче.

Жителите на општина Кисела Вода од раните утрински часови масовно се собраа во црквата Св. Петка на богослужба за да го одбележат празникот на оваа светица која го посветила и дала животот за Христос.

Црквата на ова место е изградена по иницијатива на месното население во 1903. Жителите на Црниче, копајќи, наишле на закопана икона на Св. Петка и врз основа на тоа, побарале дозвола за изградба на црква од тогашната турска власт. Најпрво во 1908 била изградена помала црква, а темелите на сегашниот свет храм се осветени во 1911 година.

Првобитната црква била изградена во вид на ротонда. Црквата била осветена во 1924 година. Подоцна била проширувана, а по земјотресот во 1963 година бил направен параклисот на Св. Константин и Елена. Во дворот биле изградени административни простории со библиотека. Камбанаријата била изградена во 1966 година.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите