Одбележан меѓународниот ден на солидарност за пациентите во Прилеп

Од:

Со делење флаери во центарот на Прилеп, Здравствениот дом и во градската болница, здружението „Сочувај, лекувај- асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб“ во соработка со Меѓународната алијанса на организаии на пациенти (ИАПО) денеска, за прв пат го одбележа 2 декември- меѓународниот ден на солидарност за пациентите.

Годинава кампањата се одвива под мотото: „Глобално јакнење на пациентите- моќ преку знаење“ и крајната цел е пациентите да станат свесни за своите права и за одговорноста кои самите ја имаат за сопственото здравје.

Претседателката на здружението Билјана Мирческа, рече дека денот на солидарност на пациентите е инициран од фондацијата Морис Мосес во Кенија во 2011 година, а членовите на ИАПО ја поддржува визијата и мисијата да се обезбеди најдобар третман за пациентите во здравствените системи.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена