Одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, традиционално, со комеморативна церемонија го одбележува 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, и им оддава почит на сите жртви, вклучувајќи ги и 7144 Евреи од Македонија.

По тој повод, денеска во Министерството се одржа комеморативна церемонија на која воведни обраќања имаа министерката за образование и наука Рената Дескоска, и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо-Николиќ. На настанот свои обраќања имаа и амбасадорите на Обединетото кралство Чарлс Гарет и на Сојузна Република Германија Томас Герберих, шефот на Мисијата на ОБСЕ Нина Соумлаинен, како и директорот на организацијата Центропа од Виена.

Во настапите на говорниците, меѓу другото, беше нагласено дека на 11 и 12 март годинава, Македонија ќе ја одбележи 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка, од каде што ниеден од нив не се врати жив. Комеморативните настани кои ќе бидат одржани по тој повод во Скопје, Битола и Штип ќе се одвиваат под покровителство на претседателот на Владата Зоран Заев и ќе опфатат повеќе содржини, меѓу кои одржување на комеморативна седница во Собранието на Република Македонија и отворање на новата постојана изложбена поставка во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија. Исто така, во настапите беше нагласено дека фокусот на нашите активности на планот на Холокаустот ги ставаме на младите, со цел овој најтрагичен настан од поновата историја на човештвото да не биде заборавен ниту било кога повторен.

Водени од таквите заложби, во Министерството беше отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“ на која, ученици од основното училиште Петар Поп Арсов од Скопје беа водичи, специјално обучени за оваа прилика.

На комеморативното чествување присуствуваа министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски, претставници на Еврејската заедница, на дипломатскиот кор, академската средина, медиумите, граѓанското општество и др.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска