Одбележан денот на полицијата во Кавадарци

Од:

Полициската станица од општа надлежност Кавадарци денеска го одбележа денот на македонската полиција. Командирот Борче Мустеников рече дека и во иднина ќе работат на превентивен план, бидејќи како што нагласи, тоа е најефикасниот начин против вршење на кривични дела и прекршоци.

Мустеников информираше дека за 41 процент се зголемени кривичните дела регистриани во ПС Кавадарци.

– Во текот на првото тромесечје годинава има вкупно 138 кривични дела од сите области, а во истиот период минатата година се евидентирани 98 кривични дела. Во делот на класичниот криминалитет во овој тримесчен период регистрирани се 127 кривични дела, за разлика од мината година кога има 88 пријавени кривични дела, што е 44 процентно зголемување, рече Мустеников.

Соопшти дека за 15 отсто се зголемени прекршоците против јавниот ред и мир при што во 2016 година имало 27 нарушувања, а оваа година 31 наршување.

Намалување за 50 проценти на ргистрирани казнени дела има во областа на економскиот криминалитет.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp