Одбележан Денот на албанското знаме во гостиварските училишта

Од:

Со богата културно-уметничка програма, учениците на ОУ „Исмаил Ќемали”, го одбележаа 28 ноември – Денот на албанското знаме, кој коинцидира со патрониот празник на училиштето.

Претставници од Одделението за образование и Кабинетот на градоначалникот на Гостивар, положија цвеќе на бистата на архитектот на независна Албанија, Исмаил Ќемали.

„Националната историја во текот на своето постоење имала идеолози, патриоти и преродбеници, но најзаслужено место во времето на националната преродба има Исмаил Ќемали, кој не е само лидер на националното движење, туку беше и прв премиер на независна Албанија”, истакна наставничката по историја Диана Шабани и додаде дека е чест и задоволство што денес оваа образовна институција го носи неговото име.

Во уметничкиот дел од програмата, учениците се претставија со хорски и соло песни, стихотворби и народни ора.

Денот на албанското знаме, денес се одбележа во повеќе општински училишта во Гостивар, а вчера во Центарот за култура се одржа централната манифестација во организацијата на училиштата и со поддршка на Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица