Одбележан 18 Ноември, денот на ослободувањето на Гостивар

Од:

По повод 73 години од ослободување на Гостивар, вчера беше организирана пригодна свеченост, на која беа доделени признанија и награди за учесници на конкурсот за најдобар есеј.

Одбележувањето на 18 ноември, Денот на ослободувањето на градот почна со културно умтничка програма во дирекцијата на ХЕЦ Маврово, која изведоа учениците од ОУ „Единство“.

Во чест на Денот на ослободувањето беа доделени наградите од конкурсот за најдобар есеј на тема „Слободата е нашата сегашност и патоказ за посветла и посреќна иднина на сите нас“.

Одбележувањето заврши со положување на букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар