Од заскитан куршум повредено момче во Тетово

Од:

Момче е повредено попладнево најверојатно од заскитан куршум во некогашниот Воспитно-поправен дом во Тетово.

Во Тетовската клиничка болница околу 16:30 часот било донесено момче на 15-годишна возраст со прострелна рана во десната надлактица. По укажаната лекарска помош, момчето е пуштено на домашно лекување.

Според кажувања на повредениот тинејџер, тој се наоѓал во дворот на некогашниот Воспитно-поправен дом во североисточниот дел на Тетово. Собирал јаболка во некогашниот овоштарник. Во еден момент слушнал истрел, а потоа уште еден од кој почувствувал болка во раката. Побарал помош од неговиот постар брат, кој со возило веднаш го пренел во тетовската болница. Било утврдено дека се работи за повреда од сачма од ловечка пушка.

Полицијата извршила увид на лице место, но таму не пронашла никакви траги. Се претпоставува дека момчето е повредено од заталкан куршум.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби