Од вечерва забранет влез за приватни возила во Клинички центар

Од:

Од денес попладне од 18 часот до утре до 18 часот ќе биде забранет влезот во комплексот Клинички центар „Мајка Тереза“, освен за возилата на Итна помош, информира државниот секретар на министерството за здравство, Владимир Милошевски. Поради утрешната посета на папата, надлежните власти апелираат граѓаните да се упатуваат во Градската општа болница „8 Септември” (Воена болница), за сите здравствени потреби, како и во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница за сите потреби поврзани со дигестивна хирургија, трауматологија, ортопедски болести, реанимација и интензивно лекување, урологија и неврохирургија.

„Утре сите граѓани навреме ќе добијат здравствени услуги и интервенции. Апелираме сите кои ќе имаат потреба да се упатат во Градската општа болница „8 Септември” и во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Овие здравствени установи ќе бидат со полн капацитет и полна мобилност тој ден, со цел да одговорат на потребите на граѓаните“, рече Милошевски.

Клиничкиот центар, сепак, нема да биде целосно затворен, пациентите ќе бидат примени. Гинекологија ќе биде достапна, а единствениот влез и пристап до Клиниката за детски болести ќе биде од страната на хотелот „Тасино чешмиче“.

Сите прегледи преку „Мој термин“ се откажани, потврди Милошевски и најави дека од 8 мај граѓаните ќе можат повторно да ги презакажат планираните термини за преглед.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа