Од вчерашните 127 заразени, 51 кажале дека немале контакт со заболен

Од:

Од вчерашните 127 пациенти кои се заразени со коронавирус, 51 кажале дека немале контакт со веќе дијагностициран пациент, додека, 76 кажале дека познаваат заразено лице со кого се сретнале во изминатиот период. Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека кај 18 лица е регистрирано присуство на коморбидитети, односно имаат и друга болест. Повеќе од 50 отсто од новите пациенти се регистрирани во Скопје, додека останатите се од други 9 градови во државата.

„Од епидемиолошки обработените случаи, регистрирани се 6 хоспитализирани пациенти“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Новите заболени се од сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 27 позитивни. Во однос на пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.

Во однос на трите смртни случаи од Скопје и Куманово, сите пациенти имале симптоми и биле хоспитализирани во болница. Еден од починатите, не пријавил контакт со веќе заразено лице и немал претходни заболувања.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски