Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис

Од:

Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде  ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување, информираат од Државниот завод за статистика.

– Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, се вели во соопштенито од ДЗС.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите, и како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци.

Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 до 30 септември годинава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски