Од утре се укинува полицискиот час во целата држава, кафулињата се отвораат во четврток

Од:

Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки во државата.

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека од утре престанува да важи полицискиот час на целата територија на државата.

Од четврток почнуваат со работа угостителските објекти со прецизно утврдена работа во отворените делови, односно терасите. Во наредната фаза ќе се регулира работата на затворените делови од угостителските објекти.

Од 1 јуни ќе престанат да важат одлуките од Владата со кои одредени лица се ослободуваат од работните обврски. Ова нема да важи за одредени категории лица, како на пример за родителите на децата до 10 години и деца на претшколска возраст, бидејќи за нив ќе се чека одлуката за работа на градинките, како и за хронично болните.

Спасовски изјави дека укинувањето на мерките не значи дека коронавирусот е победен, но дека влегуваме во нова фаза, на „ново секојдневие“. Тој ги повика граѓаните на одговорност и придржување до мерките за заштита, според соодветни протоколи.

Полицискиот час беше воведен пред повеќе од два месеци, на 21 март. Тогаш полицискиот час траеше од 21 часот до 06 часот изутрина, а потоа стапија на сила поригорозни мерки.

Најдолгиот полициски час траеше 85 часа, за време на велигденските празници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он