Од утре повторно ќе функционира автобуската станица во ГТЦ

Од:

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од утре повторно ќе функционира. Десет украински автобуси со број 50 на ЈСП ќе застануваат на оваа автобуска станица.

Како што информираат од Градот, автобуската линија со број 50 со назив на линија Хиподром – Клинички Центар, во правец кон Клинички центар ќе сообраќа по изменета траса и тоа: по автобуската постојка „МНТ“ на улицата „Филип 2 Македонски“ ќе ја користи постојката во сутеренот на Градски трговски центар, а потоа ќе ја користи автобуската постојка „Центар-Рекорд“.

Во правец од Клинички центар кон Хиподром, автобуската линија број 50 ќе сообраќа по постојната траса.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он