Од утре почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип

Од:

Министерството за здравство информира дека од утре почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.

Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање, велат од МЗ.

– Потсетуваме дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација, соопштува МЗ.

Би можело да ве интересира

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата

Ана Ололовска

Осум пациенти ќе го добијат лекот „трикафта“, ќе следат законски измени за да добијат и другите

Ана Ололовска

Забраната за движење на невакцинирани ќе стане законска обврска, министерот Сали уверува дека засега нема потреба од ограничување

Маја Илиевска-Пачемска

Пристигнаа вакцините против сезонски грип, вакцинацијата почнува следната недела 

Ана Ололовска

Пациентите со ретки болести цел месец без лекови, чекаат да завршат роковите за жалби на тендерот

Орце Костов

Препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури

Ана Ололовска