Од утре пад на темепературите од пет до седум степени

Од:

Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје утрото е студено со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на постудена воздушна маса од север, утре (недела) дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

-Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 16 степени

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски