Претпладне променливо облачно, попладне дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо.

Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво