Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.

Би можело да ве интересира

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време

Облачно со дожд и температури до 16 степени

До вторник облачно со дожд