Од утре општина Центар ја почнува исплатата на субвенциите за купен велосипед

Од:

Од утре, 6-ти јуни, понеделник, почнува исплатата на субвенциите од проектот „Цел Центар на точак“.

На наше големо задоволство, веќе трета година по ред интересот за субвенциите е многу голем. Оваа година се предвидени субвенции за вкупно 1.111 велосипеди, во висина од најмногу 3.000 денари по велосипед.

До овој момент, вкупно 510 граѓани аплицирале за финансиска поддршка за купување нов велосипед.
Ги повикуваме сите кои се заинтересирани, а се’ уште не аплицирале, да го направат тоа што поскоро. Да потсетиме дека секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциската сметка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар