Од утре ограничување за пловидба на скутери и чамци по езерата во Македонија

Од:

Од  утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери од 1 јули до 31 август е во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранскотот Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

– Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води, појасни Устијаноски.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски најави засилени контроли на охридската полиција во соработка со Капетанијата и Езерската полиција по водите на Охридското Езеро. За поголема безбедност на Охрисдското и Струшкото крајбрежје, тој посочи дека ќе има постојани контроли на копно, покрај плажите, но и цивилни полицајци ќе патролираат низ Езерото.

– Езерската полиција изминатата недела направи мониторинг на состојбите долж Охридското крајбрежје и не се забележани прекршоци. Со стапување на сила на одлуката ќе продолжат интензивните контроли од Езерска полиција на вода, но и на копно, нагласи Димоски.

За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски