Oд утре ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Од:

Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски најави промени околу движењето на пловните објекти, но за тоа конкретно откако ќе заврши обележувањето.

– По обележувањето ќе следат промени во режимот на пловидба, но конкретно ќе се знае кога ќе заврши обележувањето, изјави Устијаноски за МИА.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според него, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра, но Устијаноски нагласи дека најпрво ќе постапуваат едукативно и превентивно со советување.

– Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, појасни Устијаноски.

Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум