Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда ќе дува засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни

А1он

И денеска и во следнате денови облачно со дожд

Облачно со слаб дожд

Врнежливо и постудено оваа недела

Катерина Ѓуровски

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег