Од утре ќе се вакцинираат 10 до 15 илјади лица на ден, со кинеската „Синофарм“ почнува пообемна имунизација

Од:

Дистрибуцијата на 200 илјади вакцини „Синофарм“ што во земјава пристигнаа во саботата треба да заврши денеска и веќе од утре почнува масовна имунизација на населението и тоа од 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Со почетокот на масовната имунизација, здравствените власти очекуваат до почетокот на летото во земјава да има висок процент вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

По пристигнувањето на 200 илјади вакцини од „Синофарм“, министерот за здравство Венко Филипче, во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Засега е неизвесно пристигнувањето на вакцините на „Астра Зенека“, имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која воведе забрана за извоз на вакцини, а дел од овие дози преку Ковакс-системот треба да пристигнат и од индискиот Институт.

Би можело да ве интересира

Лекарска комора: Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести

Секој ден по 24 – 72 ученика се заразуваат со Ковид – 19, во болница се 16 деца, а МОН не кажува вкупна броја на заболени

Бектеши: За да одите по кафулиња и ресторани, треба да сте вакцинирани

Катерина Павлова-Николовска

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

Катерина Павлова-Николовска