Од удар од автомобил повредени две девојчиња во Скопје

Од:

Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, се повредени откако синоќа биле удрени од автомобил во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека синоќа во 19:15 часот на крстосница од булеварот „Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во двете малолетнички.

Во незгодата 12-годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13-годишното девојче со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари