Од три до 10 години затворска казна за палење гуми на отворено

Од:

Гостиварецот кој запали триесетина гуми и предизвика страв од чадот што се подигаше во близина на еден од влезовите во Гостивар, ќе се соочи со пријава за кривично дело „загадување на животната околина“. Освен од полицијата овој несовесен потпалувач може да добие и пријава од општинскиот инспектор по екологија. За ова кривично дело, предвидена е парична или затворска казна од три до 10 години, зависно од околностите и крајните последици.

По извршениот увид на местото на пожарот, што на 1 март предпладнето избувна на излезот од Гостивар, кога гореа триесетина стари камионски и автобуски гуми, СВР Тетово интензивно работи на расчистување на сите поединости поврзани со случајот.

– По целосното расчистување и документирање, против сторителот ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело „ загадување на животната средина и природата“ (член 218 од Кривичниот законик), вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Појавата со палење огнови на отворено низ полошкиот регион, особено со почетокот на земјоделските работи е зачестена. Во одредени случаи овие огнови предизвикуваат и пожари со поголеми штети. Огновите ги палат земјоделци и сточари кои на тој начин се справуваат со грмушките по стрништата и исушената вегетација по нивите. Токму во овој период може да се забележат столбови од чад по целата територија на Полог и околните планински подрачја.

Од полицијата преку низа активности на Отсекот за превенција се обидуваат да укажат на опасноста од ваквото однесување на поединци. СВР Тетово неколку пати годишно организира состаноци со советодавните граѓански групи. На овие средби посебно им се укажува на потребата од максимална внимателност, кога станува збор за палење оган на отворен простор, но и на законските импликации предвидени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

– Во втората половина на ноември минатата година, исто така, се одржаа и состаноци со инспекторите (локални и државни), за заштита на животната средина во Гостивар и Тетово, како најбрзо и најефикасно да се постапува кога ќе се пријават настани и појави од оваа област, односно кога ќе се регистрираат незаконски постапки на поединци, производни, трговски и други објекти.

Последниот случај со палењето на автомобилски гуми ги вознемири гостиварци кои преку социјалните мрежи реагираа на црниот густ чад, најмногу заради опасноста по здравјето. Горењето автомобилски гуми е забрането најмногу поради канцерогеноста на запалената материја.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски