Од СВР Битола се преземени потребните мерки за натпреварот Пелистер-Битола

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ја комплетираше интерната истрага околу нарушувањата на јавниот ред и мир и полициската интервенција при фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“и „Вардар“, на Градскиот стадион во Битола и констатира дека СВР Битола ги презел потребните мерки и активности околу организацијата и планирањето на вонредното, оперативно, сообраќајно и физичко обeзбедување на фудбалски натпревар, како и при воспоставувањето на нарушениот јавен ред и мир, така што не се утврдени случаи на пречекорување на полициски овластувања.

Полициските овластувања, соопшти денеска МВР, се применети пред самиот крај на мечот, кога поголема група од гостинските навивачи одбиле да го напуштат стадионот и безбедно да се упатат кон автобусите со кои допатувале, пружајќи активен отпор со туркање и удирање со нозе и раце по штитовите на униформираните полициски службеници.

Во така настанатата ситуација на потиснување на навивачите, во еден момент, се појаснува во соопштението, еден од навивачите активирал експлозивна направа. Таканаречената „Шок бомба“ се претпоставува дека навивачот или ја истргнал од униформиран припадник на посебната единица или во гужвата која настанала со меѓусебното потиснување, таа неактивирана испаднала, по што ја зел и набргу потоа ја активирал.

– Од увидот во службените материјали изготвени во однос на настанот е утврдено дека на 31.07.2014 од Фудбалската федерација на Република Македонија, до СВР Битола било доставено известување за одигрување на првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на „Пелистер“ и „Вардар“, натпревар кој бил прогласен од висок ризик со цел да бидат преземени мерки согласно Законот за спречување на насилство на спортски натпревари. Такво известување било доставено на 01.08.2014 и од ФК „Пелистер“, како и известување од Агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“ дека истите со 13 вработени биле ангажирани во обезбедување на споменатиот натпревар, се вели во соопштението.

СВР Битола ги започнал потребните проверки околу добивање сознанија за определување на безбедносната проценка со цел за изготвување на План за вонредно оперативно, сообраќајно и физичко обезбедување на настанот, па во таа смисла бил одржан состанок со управата на ФК „Пелистер“ на кој се дискурирало за мерките и активностите што требало да ги преземе управата на клубот околу заедничко и координирано настапување за време на натпреварот.

Исто така, биле испратени телеграми до Секторите за внатрешни работи за да бидат извршени проверки во однос на колкав број, кога и со какви превозни сретства ќе патуваат навивачките групи „Комити“ на натпреварот во Битола. Откако биле извршени потребните проверки, изготвен е План за оперативно, сообраќајно и физичко обезбедување на натпреварот со кој биле предвидени мерките и активностите што требало да ги преземаат полициските службеници што ќе бидат вклучени во обезбедувањето.

Навивачката група „Комити“ што патувала од Скопје, пристигнала со задоцнување од околу 10 минути, односно десетина минути по започнување на натпреварот и истите во вкупна бројка од околу 350, биле сместени на северната трибина, каде што за обезбедување биле предвидени полициски службеници од СВР Битола, и од ЕБР. Десетина минути пред завршување на натпреварот била издадена усна наредба за празнење на трибината бидејќи постоела опасност да дојде до физички контакт со навивачката група „Чкембари“ кои се подготвувале да ја прескокнат оградата и да појдат на северната трибина. Кон потиснување на навивачите „Комити“ се пристапило од причина што една група од околу 50 навивачи не сакала доброволно да го напушти стадионот. Во еден момент дошло до посериозен притисок од страна на навивачите Комити кон полициските службеници при што од бил забележан еден навивач како во раката држи експлозивна направа по што било упатено предупредување за внимателност. По кратко време се слушнала и силна детонација од експлозивна направа која предизвикала поголем метеж и турканица.

Од навивачката група „Комити“ со повреди се стекнале осум лица од кои едно лице со тешки телесни повреди, а седум со телесни повреди и тие биле пренесени во Клиничка болница, додека останатите навивачи во придружба од униформирани полициски службеници се спроведени до автобусите од каде се упатиле за Скопје.

Повредените лица биле пренесени во Клиничка болница-Битола каде им била укажана лекарска помош, а тешко повредениот е препратен на лекување во Скопје. За време на извршување на полициски работи биле повредени и четворица униформирани полицски службеници.

Од страна на СВР Битола преземени биле потребните мерки и активности и во консултација со Јавен обвинител биле констатирани шест кривично правни настани.

Во однос на настанот околу активирањето на експлозивната направа биле извршени проверки на видео записот од СВР Битола на кој се гледа лице кое подолго време во десната рака држи бомба, што укажува на тоа дека истата претходно не била активирана, туку тоа било сторено од лицето со што е предизвикана општа опасност.

Полицискиот службеник чија била бомбата во службена белешка навел дека забележал дека му ја нема бомбата која ја имал закачено на горниот дел од панцирот од десната страна, но не можел да прецизира дали му испаднала или некој од навивачите му ја извадил.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет