Од стан во Скопје украден накит вреден околу 400 илјади денари

Од:

Непознат сторител од стан во Скопје украл поголема количина златен и сребрен накит вредни околу 400.000 денари. При извршувањето на кражбата тој причинил и материјална штета од околу 3.000 денари.

Случајот во полиција го пријавил Р.В. (63) од Скопје, сопственик на станот кој се наоѓа на улица „Пекљане“. Тој ја информирал полицијата дека кражбата се случила вчера во периодот од 16 до 21:30 часот.

– Сторителот со употреба на сила и погоден предмет ја отворил вратата на балконот, влегол внатре и одзел поголема количина златен и сребрен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, информират од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби