Од среда вакцинација за повозрасните од 75 години

Од:

В среда почнува вакцинацијата на населението, први ќе бидат 20 илјади луѓе пријавени за имунизација повозрасни од 75 години најави министерот Венко Филипче при пристигнувањето на вакцините АстраЗенека преку Ковакс-системот.

Во Скопје локацијата за масовна вакцинација ќе биде спортскиот центар „Борис Трајковски“. Во другите градови имунизацијата ќе биде во вакциналните пунктови.

Вакцините што пристигнаа се од Кореја, се чуваат на температура од 2 до 8 степени.

Останатите над 70 илјади дози кои во земјава треба да пристигнат преку Ковакс-механизмот се очекуваат во април. Во април се најавени и вакцини кои се помош од Европската Унија. За кинеските и руските вакцините се уште нема информации кога ќе пристигнат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат