Од среда ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Од:

Акција за собирање кабаст отпад започнува во среда во Општина Кисела Вода. Во организација на оваа локална самоуправа, преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ќе бидат ангажирани сезонски работници кои во наредните 20-тина дена ќе работат на подигнување на отпадот од поединечните месни и урбани заедници. Секоја седмица ќе бидат опфатени по 6 месни и урбани заедници.

Во среда, кабаст отпад ќе се собира во Пржино и Црниче, во четврток, во Цветан Димов и Бирарија, додека во петок, во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб страница и месните и урбани заедници каде што живеат.

Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители кабастиот отпад да го изложат во период од 07:00 до 11:00 часот на гореспоменатите датуми, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што кабастиот отпад нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ