Од среда „Борис Трајковски“ повторно се отвора за вакцинација, нема карантин за Тетово и Гостивар

Од:

Во текот на следната недела повторно ќе се врши вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека ги разгледале и барањата за прогласување карантин во Тетово и Гостивар каде што болниците се преоптоварени, но заклучиле дека тоа се големи рестрикции за кои сега нема потреба оти акцент ставаат на вакцинацијата.

„Во среда или најкасно во четврток повторно ќе се отвори ’Борис Трајковски’. Дел од вработените кои беа на одмори ги прекинаа за да ја стават салата во функција. Вакцинацијата сега ќе биде во малата сала каде што има околу дваесетина места за вакцинација и ќе ги растерети здравствените домови во кои сега има голем метеж“, рече министерот Филипче.

Заклучно со вчера вакцинирани се 650.000 граѓани од кои 500.000 примиле две дози. Преполнети се болниците во Тетово и Гостивар, делумно во Кичево и во Струга, но министерот Филипче уверува дека се постојан контакт со директорите на клиниките и пациентите се преупатуваат во болниците каде што има место.

„Од денес почнува со работа болницата во Козле со 120 кревети снабдени со централен довод на кислород. По најава, пациентите од преполните болници во Тетово и Гостивар се праќаат тука. Доктори и сестри од клиниките веќе ги прекинаа одморите за во Козле да може да се организира сменско работење“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека здравствените власти ставаат акцент на вакцинацијата како единствен начин да се постигне колективен имунитет и да се спречи ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска