Од Скопје испратена пораката: Сите Албанци во една држава

Од:

Научната конференција посвететена на ликот и делото на Албанцот Хасан Приштина која се одржува во Скопје, почна со интонирање на албанската химна и албански знамиња, пред целото раководство на ДУИ, министри и пратеници од партијата, гости од Косово и Албанија.

Во Скопје беа и албанскиот принц Лека Зогу Втори и внукот на Хасан Приштина, Мехмет Приштина.

И од Скопје беше испратена пораката дека „сите Албанци треба да живеат во една држава“.
„Идејата на Хасан Приштина е веќе остварена. Ова е процес кој ќе продолжи и ќе води кон формирање на една заедничка албанска држава која ќе биде пријателски расположена кон другите балкански земји, рече акдемикот од Албанија Бекир Мета.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека Хасан Приштина е најголемиот херој кој работел само за интересите на Албанците. Ахмети кажа дека Хасан Приштина бил инспирацијата да влезе во политиката, а бил понесен и од методите на Приштина секогаш да најде соговорници кај Македонците.

„Ова е пример како треба да се води политика и како треба да се решат некои проблеми. Исто како што Хасан Приштина наоѓаше соработници и соговорници меѓу македонскиот народ во тешки времиња, така и ние треба наоѓаме компромис меѓу двете најголеми заедници“, рече Ахмети.

Според ректорот на тетовскиот универзитет, Хасан Приштина го ослободил Скопје во 1912 година, а во 1921 година склучил договор со претставниците на ВМРО, Павел Христов и Александар Протогеров за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово. Дванаесет години подоцна заедно со Иван Михајлов и Анте Павелиќ изработиле проект – сојуз меѓу ВМРО, усташите и косовскиот комитет за соработка против Југославија.

Споменикот на Хасан Приштина во Скопје свечено ќе биде откриен утре. Истовремено уште два споменици на Хасан Приштина ќе се поставуваат утре во Тирана и во Приштина.

СДСМ реагираше на информацијата дека за поставувањето на споменикот на Хасан Приштина гласале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„По којзнае кој пат се повторува тоа што СДСМ постојано го говори. Односно, кога станува збор за криминално-тендерските интереси на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, тие секогаш братски си се подржуваат. Вака одговори Александар Наумовски од СДСМ на новинарското прашање каков е партискиот став во врска со поставувањето на споменикот на Хасан Приштина.

„Тоа секогаш го прават врз грбот на националните интереси и врз грбот на меѓуетничкиот соживот. Тоа го видовме и со незаконското поставување на табли со нови имиња во Чаир, а тоа го гледаме и денес, со поставувањето на споменици, како оној на Хасан Приштина“, рече Наумовски.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство