Од штипјанка украдени евра, денари и златник

Од:

Крадец вчера попладне во Штип украл чанта со евра, денари и златник од 65-годишна штипјанка.

Како што соопшти МВР, вчера околу 16:10 часот во Штип, додека штипјанката Г.Ш. (65) се движела пеш по ул.„Вардарска“, била пресретната од непознато лице. Тој ја повлекол за чантата која ја носела на десното рамо, при што влечејќи ја турнал на земја, а потоа и ја одзел чантата во која имала 400 евра, 600 денари и златник, по што побегнал во непознат правец.

Од Итна медицинска помош, Г.Ш. била пренесена во Клиничка болница Штип, каде што и била констатирана тешка телесна повреда. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби