Владимир Атанасовски, поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање и Управата за финансиско разузнување, од сосема анонимна личност стана прва вест во медиумите.
Според обвинителството, постои основано сомнение дека сторил кривично дело Здружување заради непријателска дејност поради инволвираност во настаните од 27 април познати во јавноста како „крвавиот четврток“.
Сите беа затекнати од сведочењето на на обвинетите Стефан и Михаил Младеновски и Захарие Симовски, кои Атанасовски го посочија како организатор на упадот во Собранието и нарачател на насилства и кривични дела врз членови на тогашната опозиција. На бившиот прв човек на УБК му се заканува минимална затворска казна од четири години.
Владимир Атанасовск, дотогаш непознат го замени Сашо Мијалков во директорската фотелја на УБК, на предлог на претходната власт во септември 2016. Тој раководеше со УБК до јуни 2017 година кога почна истрагата за „крвавиот четврток“.
Атанасовски, се стекнал со диплома на Економскиот факултет во 2008 година, по што на 26 годинишна возраст се вработува во Управа за спречување перење пари.
Од 2010 до 2016 година е директор на Управата за финансиското разузнавање.
Јавноста ги гледаше снимките кога Атанасовски како прв човек на тајната полиција не и дозволуваше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да изврши увид во УБК.