Од Росоман издавал непостоечки апартмани во Охрид

Од:

Тројца скопјани на интернет порталот „Пазар-3“, прочитале оглас дека во центарот на Охрид се издава соба за износ од 350. денари од ден, оствариле телефонски контакт со лице кое им кажало дека за сместувањето треба да уплатат капар на жиро сметка во Стопанска банка, на име на пријавениот кој е наводно негов брат, по што тројцата уплатиле 2.500 денари.

Кога во месец јули туристите пристигнале во Охрид, на посочената адреса виделе дека се работи за стара руинирана куќа и откако останале без сместување случајот го пријавиле во полиција.

По извршената истрага охридската полиција откри дека зад измамата стои 19 годишно момче од селото Росоман, Кавадарци, против кого поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум