Од продавница во Струга украдени околу 100 мобилни телефони

Од:

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга, информира СВР Охрид.

Кражбата била извршена завчера  со кршење на стаклото од влезната врата, а сторителот одзел мобилни телефони и лап-топ компјутер.

– Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“, информира портпаролот на полицијата Стефан Димоски.

На самото место извршен е увид а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка