А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Од понеделник средба на Работната група за Законот за ЈО

by А1он24/08/2019 - 08:2724/08/2019 - 08:32319
Share0

Работните групи на власта и опозицијата кои треба да се договорат за Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство ќе остварат средба од понеделник. Следната недела законот треба да оди во Собрание каде е закажана седница за вторник.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според извори од СДСМ, средбата која требаше да се одржи вчера е одложена поради технички причини.

Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.

Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека, пак, опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов вчера рече дека очекуваат како партија и апелираат на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците да биде Законот за Јавното обвинителство.

-Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам сите мои колеги пратеници да се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство, истакнува Костадинов.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, пак, рече дека е потребен консензус за законскиот текст и за да се донесе законот.

-За да биде постигнат консензус прашање е колку власта сака и натаму да турка скриена амнестија за државната мафија и оние кои што се вклучени во „Рекет“, „Леонардо“ и останатите други корупциски скандали или сака вистински Закон за борба против корупцијата и криминалот, рече Стоилковски.

josobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео