Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Од:

Oд понеделник, 28 септември, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

-Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа во понеделник ќе се исплаќаат пензии со висина до 11.000 денари, во вторник исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, и во четврток пензии во висина над 18.000 денари, соопшти МТСП.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник 28 септември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

-Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, велат од Министерството за труд и социјална политика.

ОД МТСП потсетуваат и на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски