Од понеделник обилни врнежи и силен јужен ветер

Од:

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално и над 20 литри на метар квадратен. Како што најавува УХМР, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер, над 60 километри на час, а ќе има и појава на грмежи.

Дожд ќе врне и во вторник попладне.

Зголемување на облачноста, според УХМР, ќе има од недела, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Би можело да ве интересира

Денеска студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Претпладне дожд, попладне разведрување

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен