Од понеделник нов времен режим за тешки товарни возила во Скопје

Од:

Град Скопје информира дека од понеделник почнува нов времен режим на сообраќај, односно забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на главниот град. Забраната ќе важи од 10 до 20 часот, во периодот до 1 септември.

– Оваа мерка се воведува со цел да се  заштити  коловозот од оштетувања предизвикани од  големите осни оптоварувања  на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото, соопшти Град Скопје.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за општините во Скопје, Град Скопје и Владата.

Градските власти апелираат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват кон поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје