Од понеделник ќе се наплаќа паркирањето во центарот на Охрид?

Од:

Од денеска започна чистењето на јавните паркинг-површини, а веќе од понеделник ќе се наплаќа паркирањето во централното градско подрачје во Охрид, пренесува Супер радио.

Според директорот на „Билјанини Извори“, кои стопанисуваат со паркинг-површините во централното градско подрачје, Иван Цветкоски, претпријатието ги врши последните подготовки за преземање на јавниот паркинг-простор којшто го доби со одлука на Советот на Општина Охрид на претходната седница.

Површините ќе се мијат со вода, ќе се врши дезинсекција, а ќе се работи и на сечење на гранките од дрвјата, вели Цветкоски.

– Се подготвуваме да започнеме со работа во понеделник. Се уште не е дефинитивно, но ќе видиме каква ќе биде динамиката на чистењето. Во меѓувреме се доекипираме. Максимално ќе го искористиме капацитетот што го има јавното претпријатие „Билјанини Извори“, но со оглед  дека се работи за повеќе улици кои бараат дополнителен ангажман, ќе го направиме и тоа, објаснува Цветкоски.

Овие паркинг-простори од страна на претходната локална власт беа дадени под закуп на приватната фирма „Сузуки МТ“, но новото општинско раководство го раскина договорот со концесионерот со образложение дека договорот е штетен за општината и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство